Виртуелни приватни мрежи (VPNs)
Користете го уредот за да се поврзете со виртуелните приватни мрежи (VPNs) што ви
овозможуваат од јавната мрежа да пристапите до ресурсите во рамките на безбедната локална
мрежа. На пример, VPN конекциите вообичаено ги користат корпорациите и образовните установи
за корисници кои треба да пристапат на интранет и други внатрешни услуги кога се надвор од
внатрешната мрежа, на пример, кога патуваат.
VPN конекциите може да се постават на многу начини, во зависност од мрежата. Некои мрежи
може да побараат да пренесете и инсталирате безбедносен сертификат на вашиот уред. За
подетални информации за поставување конекција со вашата виртуелна приватна мрежа,
контактирајте со мрежниот администратор на вашата компанија или организација.
Ако користите уред со повеќе корисници, ќе треба да се пријавите како сопственик,
односно како примарен корисник, за да ги прилагодите поставките за VPN (виртуелна
приватна мрежа).
Додавање виртуелна приватна мрежа
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Повеќе > VPN.
3
Допрете .
4
Одберете го типот на VPN за додавање.
5
Внесете ги поставките за VPN.
6
Допрете Зачувај.
Поврзување на виртуелна приватна мрежа
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе > VPN.
3
Во листата со достапни мрежи, допрете ја VPN на која сакате да се поврзете.
4
Внесете ги бараните информации.
5
Допрете Поврзи.
За исклучување од виртуелна приватна мрежа
1
Повлечете ја лентата за статус надолу.
2
Потчукнете го известувањето за VPN конекцијата за да го исклучите.
38
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.