Поставки на видео камерата
Прилагодување на поставките на видео камерата
1
Активирајте ја камерата.
2
Допрете , па одберете .
3
Доколку видео камерата не е одбрана, допрете .
4
За да се прикажат сите поставки, допрете .
5
Одберете ја поставката што сакате да ја прилагодите, па направете ги промените.
Преглед на поставките за видеокамерата
Резолуција на видеото
Прилагодете ја резолуцијата на видеото за различни формати.
Целосно ХД (30 fps)
1920×1080(16:9)
Full HD (Full High Definition) формат со 30 fps и однос 16:9.
Целосно ХД (60 fps)
1920×1080(16:9)
Full HD (Full High Definition) формат со 60 fps и однос 16:9.
HD
1280×720(16:9)
HD (High Definition) формат со размер 16:9.
VGA
640×480(4:3)
Формат VGA со размер 4:3.
MMS
Снимајте видеа прикладни за испраќање во мултимедијални пораки. Времето на снимање на овој формат за видео е
ограничено за да одговара големината за мултимедијална порака.
Оваа поставка е достапна само во режимот на сликање Рачно.
98
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Автотајмер
Со автотајмерот може да снимате видео без да го држите уредот. Користете го да снимате групни
видеа каде сите можат да бидат снимени. Може исто така да го користите автотајмерот ако сакате
да избегнете тресење на камерата кога снимате.
Вклучено (10 секунди)
Поставете одложување од 10 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата, па до моментот кога видеото
ќе почне да се снима.
Вклучено (2 секунди)
Поставете одложување од 2 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата, па до моментот кога видеото
ќе почне да се снима.
Вклучено (0,5 секунди)
Поставете одложување од половина секунда од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата, па до моментот кога
видеото ќе почне да се снима.
Исклучено
Видеото ќе започне да се снима веднаш штом го допрете екранот на камерата.
Smile Shutter™(видео)
Користете ја функцијата Smile Shutter™ за да одредите на каков вид насмевка реагира камерата
пред да снимате видео.
Режим на фокусирање
Поставката на фокусот контролира кој дел од видео клипот треба да биде остар. Кога е вклучен
континуираниот автоматски фокус, камерата продолжува да го прилагодува фокусот па така
областа во белата рамка на фокусот останува остра.
Поединечен автом. фокус
Камерата автоматски се фокусира на одбраниот предмет. Вклучен е континуираниот автоматски фокус.
Препознавање на лице
Камерата автоматски открива до пет човечки лица, означени со рамки на екранот. Камерата автоматски се фокусира на
најблиското лице. Можете и да одберете кое лице да се фокусира со негово допирање на екранот. Кога ќе го допрете
екранот на камерата, жолтата рамка покажува кое лице е одбрано и е во фокусот. Препознавањето лица не може да се
користи за сите типови на сцени. Вклучен е континуираниот автоматски фокус.
Следење на објект
Доколку изберете објект со допирање во пронаоѓачот на изглед, камерата ќе го следи за вас.
Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.
HDR видео
Користете ја поставката за HDR (високодинамичен опсег) видео за снимање видео при силно
заднинско осветлување или во услови на остар контраст. HDR видеото компензира за загубата на
детали и произведува слика што добро ги претставува и темните и светлите области.
Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.
Премерување
Оваа функција автоматски одредува добро балансирана експозиција преку мерење на количината
на светлина што паѓа на сликата која сакате да ја направите.
Центар
Го мери центарот на сликата и ја одредува експозицијата во зависност од осветленоста на субјектот што се слика.
Точка
Ја прилагодува експозицијата во многу мал дел од сликате што сакате да ја направите.
Лице
Го мери количеството светлина на вашето лице и ја регулира експозицијата, така што лицето нема да биде ниту
премногу темно ниту премногу светло.
Повеќе
99
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Ја дели сликата на повече подраќја и го мери секое подраќје за да одреди добро балансирана експозиција.
Оваа поставка е достапна само во режимот на сликање Рачно.
SteadyShot™
Кога снимате видео, може да биде тешко да го држите уредот мирно. Стабилизаторот помага
преку компензирање за малите движења на раката.
Стандардно
Активирајте за да го отстраните тресењето на камерата.
Исклучено
Стабилизаторот е исклучен.
Микрофон
Одберете дали да се слуша звукот од околината кога снимате видеа.
Краток приказ
Може да изберете да прикажувате видеа веднаш по снимањето.
Вклучено
Краткиот приказ на видеото се појавува по снимањето.
Уреди
Видеото се отвора за уредување по снимањето.
Исклучено
Видеото се зачувува по снимањето и не се појавува краток приказ.
Блиц
Користете го блицот за да снимате видео клипови при лошо осветлување или кога има заднинско
осветлување. Иконата на видео-блицот е достапна само на екранот на видео камерата. Имајте
предвид дека понекогаш квалитетот на видео клипот може да биде подобар без светло, дури и во
услови на слабо осветлување.
Вклучено
Исклучено
Одбирање сцена
Функцијата за одбирање сцени ви помага брзо да ја поставите камерата за вообичаени ситуации
користејќи претходно програмирани видео сцени. Камерата нуди одредени поставки за
приспособување на одбраната сцена, што обезбедува најдобро можно видео.
Исклучено
Функцијата за одбирање сцени е исклучена и може рачно да снимате видеа.
Фотографирање предмети
Користете ја за снимање видеа наспроти меки заднини.
Пејзаж
Користете ја за видеа на пејзажи. Камерата се фокусира на далечни објекти.
Ноќ
Кога е вклучена, чувствителноста на светло е зголемена. Користете ја во слабо осветлени околини. Видеата на
предметите што се движат брзо може да станат замаглени. Држете ја мирно раката или користете статив.
Исклучете го ноќниот режим кога светлосните услови се добри за да го подобрите квалитетот на видеото.
Плажа
Користете ја за видеа од сцени покрај море или езеро.
Снег
Користете ја во светли средини за да избегнете премногу осветлени видеа.
100
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Спортови
Користете ја за видеа на предмети што брзо се движат. Краткото време на експозиција го минимизира
замаглувањето при движење.
Забава
Користете ја за видеа во затворен простор со слабо осветлување. Оваа сцена користи осветлување од
заднината на затворен простор или од свеќа. Видеата на предметите што се движат брзо може да станат
замаглени. Држете ја мирно раката или користете статив.
Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.
101
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.