Правење резервна копија на контактите
Може да направите резервна копија на контактите на мемориска картичка или на USB-меморија.
Видете Пренесување контакти на страница 67 за повеќе информации за враќањето
контакти на уредот.
Извезување на сите контакти во мемориската картичка
1
Од својот Почетен екран, допрете , потоа допрете .
2
Притиснете , потоа допрете Извези контакти > SD-картичка.
3
Допрете ОК.
Извезување контакти во SIM-картичката
Кога извезувате контакти во SIM-картичката, може да не се извезат сите информации.
Тоа се должи на ограничената меморија на SIM-картичките.
1
Од својот Почетен екран, допрете , а потоа допрете .
2
Притиснете , потоа допрете Извези контакти > SIM-картичка.
3
Обележете ги контактите што сакате да ги извезете или допрете Обележи ги сите ако
сакате да ги извезете сите контакти.
4
Допрете Извези.
5
Одберете Додај контакти доколку сакате да ги додадете контактите во постојните
контакти на SIM-картичката или одберете Замени ги сите контакти доколку сакате
да ги замените постојните контакти на неа.
Извоз на сите контакти во USB-меморија
Кога извезувате контакти на овој начин, прво мора да го поврзете уредот на USB-
меморија, на пример, USB-диск или надворешен тврд диск, со помош на кабелот од
адаптерот за USB-домаќин. Погледнете Поврзување на уредот со USB- додатоци на
страницата 115 за да дознаете повеќе информации за поврзување на уредот со USB-
меморијата.
1
Од својот Почетен екран, допрете , а потоа допрете .
2
Допрете , потоа допрете Извези контакти > USB-меморија.
3
Допрете ОК.
73
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.