Користење локациски услуги
Локациските услуги им овозможуваат на апликациите како Мапи и камерата да користат
информации од мобилните и Wi-Fi® мрежите, како и информации од Global Positioning System
(GPS) за одредување на вашата приближна локација. Доколку GPS сателитите немаат јасна
прегледност на вашата локација, уредот може да ја одреди со помош на функцијата за Wi-Fi®. А
доколку не сте во опсег на Wi-Fi® мрежа, уредот може да ја одреди локацијата со помош на
мобилната мрежа.
Треба да ги вклучите локациските услуги за да го користите уредот за наоѓање на вашата
локација.
Може да направите трошоци за конекцијата со податоци кога се поврзувате на интернет
од уредот.
Вклучување или исклучување услуги за локација
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Локација, потоа допрете го прекинувачот за
вклучување/исклучување за да ги вклучите или исклучите услугите за локација.
3
Доколку одберете да ги вклучите услугите за локација во чекор 2, допрете Согласен за
да потврдите.
Подобрување на точноста на GPS
При првото користење на функцијата на GPS на вашиот уред, може да се потребни 5 до 10 минути
за да се најде вашата локација. За да помогнете во пребарувањето, проверете дали имате чист
поглед кон небото. Застанете мирно и не покривајте ја GPS антената (нагласената област на
сликата). GPS сигналите може да поминат низ облаци и пластика, но не и низ најмногу од
цврстите објекти како што се згради и планини. Ако вашата локација не се најде по неколку
минути, преместете се на друга локација.