Наоѓање на изгубениот уред
Доколку имате сметка на Google™, веб-услугата „Заштита со my Xperia“ може да ви помогне да го
најдете и обезбедите уредот доколку некогаш го изгубите. Доколку ја активирате оваа услуга на
уредот или на myxperia.sonymobile.com, може:
•
Да го најдете уредот на мапа.
•
Да создадете звучно предупредување дури и ако уредот е во режим за нечујно.
•
Далечински да го заклучите уредот.
•
Далечински да ја исчистите внатрешната и надворешната меморија од уредот како последна
опција.
Услугата „Заштита со my Xperia“ може да не е достапна во сите држави/региони.
Активирање на услугата Заштита со my Xperia на уредот
1
Проверете дали имате активна податочна конекција.
2
Од својот Почетен екран, допрете .
3
Најдете и допрете Поставки > Безбедност > Заштита од my Xperia >
Активирај.
4
Доколку првпат ја активирате услугата, обележете го полето за избирање за да ги
прифатите одредбите и условите на користење на услугата Заштита со my Xperia, а потоа
допрете Прифати.
5
Ако е побарано, пријавете се на вашата сметка на Google™ или креирајте нова доколку
немате.
6
Вклучете услуги за локација во својот уред доколку оваа функција не е веќе вклучена.
За да потврдите дека услугата Заштита со my Xperia може да го најде вашиот уред откако
ќе ја активирате, појдете на myxperia.sonymobile.com и пријавете се со сметката на
Google™ што е поставена на вашиот уред.
Ако користите уред со повеќе корисници, услугата Заштита со my Xperia е достапна само
за корисникот што е пријавен како сопственик.