Sony Xperia Z1 Compact - Рестартирање и ресетирање на уредот

background image

Рестартирање и ресетирање на уредот

Може присилно да го рестартирате или исклучите уредот во ситуации кога не реагира или не се
рестартира нормално. Не се бришат поставките или личните податоци.
Можете да го ресетирате уредот на оригиналните поставки. Ова дејство понекогаш е неопходно
доколку уредот престане да функционира правилно, но доколку сакате да ги задржите важните
податоци, прво треба да им направите резервна копија во мемориската картичка или друга
надворешна меморија. За повеќе информации, видете Правење резервни копии и
враќање на содржината
на страница 139.
Ако уредот не може да се напојува или сакате да го ресетирате софтверот на уредот, може да
користите Xperia™ Companion за да го поправите уредот. За повеќе информации во врска со
користењето на Xperia™ Companion, видете Компјутерски алатки.

Уредот може да не успее да се рестартира доколку батеријата е при крај. Поврзете го
уредот на полначот и рестартирајте го повторно.

Ако користите уред со повеќе корисници, ќе треба да се пријавите како сопственик,
односно како примарен корисник, за да го ресетирате уредот на неговите оригинални
фабрички поставки.

Присилно рестартирање на уредот

1

Држете го притиснато копчето за вклучување .

2

Во менито што ќе се отвори, допрете Рестартирај. Уредот ќе се рестартира автоматски.

Присилно исклучување на уредот

1

Извадете го капачето за држачот заmicro SIM-картичката.

2

Со врв од пенкало или сличен предмет, притиснете и држете го надолу копчето за ИСКЛ.

3

Откако уредот ќе емитува серија брзи вибрации, отпуштете го копчето за ИСКЛ. Уредот се
исклучува автоматски.

Не користете премногу остри предмети коишто би можеле да го оштетат копчето за
ИСКЛ.

За да направите ресетирање на фабричките податоци

За да избегнете трајно оштетување на уредот, не рестартирајте го додека трае
постапката на ресетирање.

142

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

1

Пред да започнете, направете резервна копија од важните податоци зачувани во
внатрешната меморија на уредот во мемориска картичка или во надворешна меморија.

2

Од Почетен екран, допрете .

3

Најдете и допрете Поставки > Резервна копија и ресетирање > Ресетирање
на фабрич. податоци
.

4

За да избришете информации, како слики и музика, од внатрешната меморија, обележете
го полето Избриши ја внатреш. меморија.

5

Допрете на Ресетирај го телефонот.

6

Доколку е потребно, нацртајте ја шемата за отклучување на екранот или внесете ја
лозинката за отклучување на екранот или PIN за да продолжите.

7

За да потврдите, допрете Избриши сѐ.

Уредот не се враќа на претходна софтверска верзија на Android™ кога правите
ресетирање на фабричките податоци.

Доколку ја заборавите лозинката за отклучување на екранот, PIN-от или шемата, може да
ја користите функцијата за поправање на уредот во Xperia™ Companion за да ја
избришете заштитата. Треба да ги наведете податоците за најавување на сметката на
Google за да ја извршите оваа операција. Со користење на функцијата за поправка, го
реинсталирате софтверот за уредот и може да изгубите некои лични податоци во
процесот.

За поправка на софтверот на уредот со помош на Xperia™ Companion

Пред извршување на поправка на софтверот, осигурајте се дека ги знаете податоците за
најавување на Google™. Во зависност од вашите безбедносни поставки, можеби ќе треба
да ги внесете за да го активирате уредот по поправка на софтвер.

1

Проверете дали Xperia Companion е инсталирана на персоналниот компјутер или Mac

®

.

2

Отворете го софтверот Xperia™ Companion на компјутерот и притиснете Software
repair
на главниот екран.

3

Следете ги инструкциите кои се појавуваат на екранот за да го реинсталирате софтверот и
да го завршите поправањето.