Sony Xperia Z1 Compact - Синхронизирање со електронски сметки

background image

Синхронизирање со електронски сметки

Синхронизирајте го својот уред со контактите, е-поштата, настаните од календарот и другите
информации од електронските сметки, како што се сметките на е-пошта на Gmail™ и Exchange
ActiveSync, Facebook™, Flickr™ и Twitter™. Може да синхронизирате податоци автоматски за
таквите сметки со активирање на функцијата за автоматско синхронизирање. Или може секоја
сметка да ја синхронизирате рачно.

Поставување електронска сметка за синхронизација

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Допрете Поставки > Сметки > Додај сметка, потоа одберете ја сметката што
сакате да ја додадете.

3

Следете го инструкциите за создавање сметка или пријавете се доколку веќе имате сметка.

Рачно синхронизирање со електронска сметка

1

Од својот Почетен екран, допрете > Поставки > Сметки.

2

Во Сметки, одберете го типот сметка, а потоа допрете на името од сметката со којашто
сакате да синхронизирате. Се појавува листа со објекти што покажува што може да се
синхронизира со сметката.

3

Допрете ги објектите што сакате да ги синхронизирате.

Отстранување електронска сметка

1

Од својот Почетен екран, допрете > Поставки > Сметки.

2

Во Сметки, одберете го видот на сметка, а потоа допрете на името од сметката што
сакате да ја отстраните.

3

Допрете , потоа допрете Отстрани сметка.

4

Допрете повторно Отстрани сметка за да потврдите.