Повикување
Можете да упатите повик со рачно избирање телефонски број, со допирање број што е зачуван во
листата со контакти или со допирање на телефонскиот број во приказот на дневникот на повици.
Може да ја користите и функцијата за паметно бирање за брзо наоѓање броеви од листата со
контакти и дневникот на повици со внесување дел од бројот или името на контактот и со избирање
од дадените предлози. За да упатите видео повик, може да ја користите апликацијата за инстант
пораки и видео чет Hangouts™ на својот уред. Видете во Инстант пораки и видео
разговор на страницата 76.
1
Приказ на повеќе опции
2
Бришење број
3
Тастатура
4
Копче за повикување
Отворање на тастатурата
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете .
3
Доколку тастатурата не се појави, допрете .
Бирање телефонски број
1
Отворете ја тастатурата.
2
Внесете го телефонскиот број и потоа допрете .
За да избришете број внесен по грешка, допрете
.
Остварување повик со помош на функцијата за паметно бирање
1
Отворете ја тастатурата.
2
Внесете букви или бројки коишто одговараат на контактот којшто сакате да го повикате.
Како што ги внесувате буквите или бројките, се појавува листа на можни совпаѓања.
3
Допрете го контактот што сакате да го повикате.
Упатување меѓународен повик
1
Отворете ја тастатурата.
2
Допрете и држете 0 додека не се појави знакот „+“.
3
Внесете ги кодот на државата, кодот за областа (без почетните нули) и телефонскиот број,
а потоа допрете .
59
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Додавање број за директно бирање на почетниот екран
1
Допрете и задржете празна област на својот Почетен екран сè додека уредот не почне да
вибрира и не се појави менито за прилагодување.
2
Во менито за прилагодување, допрете Елементи и апликации > Кратенки.
3
Лизгајте низ списокот со апликации и одберете Директно бирање.
4
Одберете го контактот и бројот што сакате да го користите како број за директно бирање.
Покажување или криење на телефонскиот број
Можете да одберете вашиот телефонскиот број да се покажува или да биде скриен на уредите на
примачите на повик кога ги повикувате.
Покажување или криење на телефонскиот број
1
Од Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Повици > Дополнителни поставки >
Идентитет на повикувач.