Sony Xperia Z1 Compact - Известувања

background image

Известувања

Известувањата ве информираат за настани како што се новите пораки и известувањата од
календарот, како и за тековните активности како што е преземањето датотеки. Известувањата се
појавуваат на следниве места:

Лентата за статус

Паното со известувања

Екранот при заклучување

Отворање или затворање на паното со известувања

1

За да се отвори паното за известување, повлечете ја лентата за статус надолу.

2

За да го затворите паното со известувања, повлечете го паното нагоре.

25

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Дејствување на известувањето во паното со известувања

Допрете го известувањето.

Исклучување на известување од паното за известување

Поставете го прстот на известување и потчукнете лево или десно.

Проширување на известувањето на паното со известувања

Повлечете го известувањето надолу.

Некои од известувањата не може да се прошират.

Бришење на сите известувања од паното со известувања

Допрете

.

Дејствување на известувањето од екранот при заклучување

Допрете го известувањето двапати.

Отфрлање на известувањето од екранот при заклучување

Поставете го прстот на известувањето и потчукнете налево или надесно.

Проширување на известувањето на екранот при заклучување

Повлечете го известувањето надолу.

Некои од известувањата не може да се прошират.

Управување со известувањата на екранот при заклучување

Може да го поставите уредот така што само одбраните известувања да се прикажуваат на екранот
при заклучување. Може да ги направите достапни сите известувања и нивната содржина, да ја
скриете чувствителната содржина за сите известувања или за одредени апликации или може да
одберете да не се прикажуваат известувања.

Прикажување на известувањата на екранот при заклучување

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Звук и известување > Кога уредот е
заклучен
.

3

Одберете опција.

Опции за прикажување известувања на екранот при заклучување

Прикажи ја целата
содржина од
известувањето

Добивајте ги сите известувања на екранот при заклучување. Кога ќе ја вклучите оваа
поставка, целата содржина (вклучително и содржината од дојдовните е-пораки и четови)
ќе се гледа на екранот при заклучување освен ако не ги обележите релевантните
апликации какоЧувствителна во менито за поставки Известувања за
апликација
.

Сокриј содржина на
чувствителни
известувања

Мора да имате поставено PIN, лозинка или шема за заклучување на екранот за да може
поставката да биде достапна. Содржините се скриени ќе се прикаже на екранот
при заклучување кога ќе пристигнат чувствителните известувања. На пример, ќе добиете
известување за дојдовна е-пошта или чет, но содржината нема да се гледа на екранот
при заклучување.

Воопшто не
прикажувај
известувања

Нема да добивате известувања на екранот при заклучување.

Поставување на нивото на известување за апликацијата

Може да поставите различни начини на однесување на известувањата за одделни апликации. На
пример, може да ги блокирате сите известувања за е-пошта, да им дадете приоритет на
известувањата од Facebook™ и да направите содржината на известувањата од пораките да не се
гледа на екранот при заклучување.

26

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Поставување на нивото на известување за апликацијата

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Звук и известување > Известувања за
апликација
.

3

Одберете ја апликацијата за којашто сакате да ги промените поставките за известување.

4

Повлечете го соодветниот лизгач надесно.

Нивоа на известување и опции за одредени апликации

Блокирај

Никогаш не покажувај известувања за одбраната апликација.

Приоритет

Известување за нивото на приоритет се појавува на екранот при заклучување над сите други
известувања.

Чувствителна

Оваа опција е достапна само ако поставите PIN, лозинка или шема за заклучување на екранот и ако
изберете Прикажи ја целата содржина од известувањето во поставката Кога уредот
е заклучен
. Известувањата за апликацијата ќе се појават на екранот при заклучување, но нивната
содржина не е видлива.

Светло за известување

Светлото за известување ве информира за статусот на батеријата и за некои други настани. На
пример, трепкачкото бело светло значи дека има нова порака или пропуштен повик. Светлото за
известување е стандардно вклучено, но може рачно да се исклучи.

Кога ќе го исклучите светлото за известување, тоа ќе светне само кога има
предупредување за статусот на батеријата, на пример, кога нивото на батеријата ќе се
спушти под 15 проценти.

Вклучување на светлото за известување

1

Од почетниот екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Звук и известување.

3

Повлечете го лизгачот до Светло за известување надесно.