Sony Xperia Z1 Compact - Преглед на апликации

background image

Преглед на апликации

Користете ја апликацијата Аларм и часовник за да поставите разни аларми.

Користете го веб-пребарувачот за да се движите низ веб-страниците и да ги гледате, да
управувате со обележувачи, текстови и слики.

Користете ја апликацијата Калкулатор за извршување основни пресметки.

Користете ја апликацијата Календар за да ги следите настаните и да управувате со
состаноците.

Користете ја камерата за да правите фотографии и да снимате видео клипови.

Користете ја апликацијата Контакти за да управувате со телефонските броеви, адресите
за е-пошта и другите информации за контактите.

Пристапувајте до преземените апликации, документи и слики.

Користете ја апликацијата Е-пошта за да испраќате и примате е-пошта на приватните и
корпоративните сметки.

Користете ја апликацијата Facebook™ за социјално мрежно поврзување со пријателите,
семејството и колегите ширум светот.

Пребарувајте и слушајте FM радиостаници.

Користете ја апликацијата Албум за прегледување и работа со фотографиите и видеата.

29

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Користете ја апликацијата Gmail™ за да читате, пишувате и организирате е-пораки.

Барајте информации во уредот и на веб.

Гледајте ја својата тековна локација, наоѓајте други локации и пресметувајте маршрути со
помош на Google Maps™.

Користете ја апликацијата Play Store™ за да преземете бесплатни апликации и
апликации што се плаќаат за вашиот уред.

Користете ја апликацијата Пораки за да испраќате и примате текстуални и
мултимедијални пораки.

Користете ја апликацијата Видео за да репродуцирате видеа на уредот и да споделувате
содржини со пријателите.

Користете ја апликацијата Music за да организирате и репродуцирате музика, аудио книги
и подкасти.

Гледајте вести и временски прогнози.

Правете повици со рачно избирање на бројот или со помош на функцијата за паметно
бирање.

Оптимизирајте ги поставките според сопствените потреби.

Користете ја апликацијата Hangouts™ за да разговарате со пријателите преку интернет.

Идентификувајте ги песните што ги слушате во својата околина и добивајте информации
за изведувачот, албумот и друго.

Користете го YouTube™ за да споделувате и гледате видеа од целиот свет.

Користете ја апликацијата Резервна копија и враќање за да направите резервна копија
или да ја вратите содржината на уредот, како што се контакти, текстуални пораки,
обележувачи, календарски податоци, итн.

Користете ја апликацијата Smart Connect™ за да видите што се случува кога на уредот ќе
приклучите или откачите некој додаток.

Креаторот на филмови на Xperia™ автоматски создава кратки видеа со должина од околу
30 секунди користејќи ги постојните фотографии и видеа. Апликацијата автоматски ја
одредува временската линија за креирање на филмот.

Користете ја апликацијата Поддршка за да пристапите до поддршката за корисниците во
уредот. На пример, можете да пристапите до Упатство за корисникот, информации за
решавање проблеми, како и до совети и трикови.

Некои апликации не се поддржани или наведени од сите мрежи и/или даватели на услуги
во сите области.

30

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.